-Соживот, почит и заедничка иднина! Вечерва, на покана на претседателот на Демократски сили на Ромите, д-р Шабан Салиу, заедно со градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Шуто Оризари, Ерџан Демир присуствувавме на ифтарска вечера во општина Шуто Оризари, објави министерот за одбрана Владо Мисајловски на својот фејсбук профил.

„Ова беше вечер исполнета со топлина, отворен разговор и чувство на заедништво, што уште еднаш покажа колку е важна меѓусебната почит во нашето општество.

Рамазан нè потсетува на вредностите на хуманоста, солидарноста и блискоста меѓу луѓето“, потенцира во објавата.

Преку вакви средби градиме мостови на разбирање и испраќаме порака дека само обединети можеме да создадеме просперитетна иднина за сите во Македонија, објави министерот за одбрана Владо Мисајловски.