Денеска остварив средба со в.д. амбасадорката на САД, г-ѓа Никол Варнс, на која ѝ посакав добредојде и успех во работата за време на мандатот, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
-На денешната средба присуствуваа и в.д. заменик шеф на мисијата на САД, Дејвид Мајерс, одбранбеното аташе, полковникот Даниел Сквајерс и шефот на канцеларијата за соработка во одбраната, потполковник Шон Руфало. Разговаравме за нашата исклучително добра одбранбена соработка, која ќе продолжиме да ја развиваме со силен интензитет. Се заблагодарив за најголемата финансиска поддршка за опрема и модернизација на Армијата од страна на САД во сите овие години, истакна Мисајловски.