Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со претседателката Сиљановска-Давкова, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски се наоѓа на Самитот на НАТО во Хаг, Холандија.
-На денешната сесија на Самитот на НАТО во Хаг, донесовме одлука за зголемување на инвестициите во одбраната кои ќе значат нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата, професионални и стручни војници. Македонија е посветена на оваа одлука. Средствата ќе се зголемуваат постепено, а за нас е исклучително важно одбранбениот буџет да значи исполнување на НАТО Целите на способности. НАТО е најмоќната Алијанса во историјата, а зголемените инвестиции ќе овозможат тоа да остане така и во иднина, порача Мисајловски