За неколку недели од сега професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде претседателка, секој еден граѓанин треба да биде спокоен дека ќе се грижи за Македонците, за сите етникуми и ќе се бори за сите кои се и надвор од државата, секој да знае дека ќе има свој претседател, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ2, Владо Миајловски во Отвореното студио пред големиот народен митинг пред владата на Македонија.

Мисајловски истакна дека кога беше најтешко за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, многумина молчеа и ги немаше, но професорката Силјановска Давкова беше бедем, застана во онаа битна рамо до рамо со нас и навистина за борба за Македонија, застана во првите редови.

– Чест ми е што можам да седам до професорката Силјановска Давкоа во собранието, да размениме многу мислења но и да ја слушаме како го крева гласот против неправдите. Имаме моментално претседател кој потпиша кривичен закон за една минута за да ги спаси овие тука ја владеат владата и тие луѓе мора да си заминат, а тој што ги штитеше е Стево Пендаровски, рече тој.

Мисајловски додаде дека за разлика од Пендаровски, професорката Гордана Силјановска Давкова е човек, експерт во својата област, секогаш го кажува тоа што го мисли, но најважно кажува со аргументи и факти.

Моментално дипломатијата која ја води Бујар Османи кој е и кандидат, ја донесе на ниво за потсмев, лош кадат и луѓе кои работат по негови насоки, се потпишуваат штетни договори и како да се погазува македонскиот народ, Гордана Силјановска Давкова нема да подлегне под ниту еден притисок, ќе се бори за секој човек, за секој еден да го добие вистинското место, Македонецот и секој граѓанин на прво место, нагласи Мисајловски.