Денеска во просториите на Државниот завод за ревизија остварив продуктивна средба со Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, објави на својот фејсбук профил, Владо Мисајловски, министер за одбрана.

-Соработката меѓу двете институции ќе се интензивира се со цел понатамошно унапредување на работата и транспарентноста во Министерството.
На средбата беше дискутирано и за спроведувањето на препораките од ревизиите, како и за плановите за идни ревизии кои ќе овозможат понатамошно унапредување на работата на субјектите од областа на одбраната.
Со заедничка поддршка ќе работиме за успешна имплементација на препораките и за обезбедување на висок степен на транспарентност и отчетност.