Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски гостуваше во централниот дневник на телевизија Сител. При своето гостување посочи дека со одлагање на пописот победи разумот.
„Јас би рекол дека преовладува разумот, во овој момент знаете ги читаме бројките колку има починати, колку има новозаразени, а од друга страна требаше на сила оваа гарнитура на власт да истурка попис. Затоа и ние бевме, оние кои што понудивме алтернативни решенија, не само да критикуваме, не како што некој нарекува нешто да блокираме туку навистина, конструктивни решенија, алтернативи како некои работи да бидат подобри. Зборувам за пописот, зборувам за работа која што е многу важна или за два – три дена ќе започнеше масовно попишување во Македонија, а тоа значеше дека неколку илјада луѓе ќе ни доаѓаа по домовите, а ги гледаме бројките, гледаме дека граѓаните масовно одат во други држави да се вакцинираат, и за тоа велам дека победи разумот. Да, точно така ние понудивме многу предлози и најголем дел се прифатени“, нагласи Мисајловски.
Мисајловски додаде дека со ова што пописот се одложи за септември е победа на народот. ВМРО-ДПМНЕ собра преку 100.000 потписи за одлагање на пописот.
„Зоран Заев на денешнава средба кажа дека за многу брзо време ќе стигне големо количество на вакцини во Република Македонија, зборувам за сите оние најави кои што ги имаше Венко Филипче и цела Влада, но мораме да констатираме дека моментално имаме многу малку вакцини. Слушнавме вчера едно пакетче, две пакетчиња, но тоа не е доволно. Да, приоритет ќе бидат попишувачите, но се разбира и сите оние граѓани што ќе имаат желба да се вакцинираат“, појасни Мисајловски.
Мисајловски посочи дека според него би требало да се вакцинираат сите попишувачи со цел своето, но и туѓото здравје да го заштитат.
„Граѓаните одат во други држави, бидејќи вакцина нема. Но, сега конечно барем со најавите на оваа власт дека ќе стигнат оние вакцини што се најавени, дека секој ќе може да се вакцинира. И не станува збор само за попишувачите, туку за секој еден граѓанин во државата“, рече Мисајловски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ