БРАНИТЕЛИТЕ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА СЕ НАШИТЕ ВИСТИНСКИ ХЕРОИ, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој присуствуваше на заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители и претставниците на Здружението „Херои на Македонија“.
-Голема почит за секој татко, мајка, сопруга и дете на нашите бранители. Вашата сила е нашата инспирација.
Денеска имав чест да ги посетам и присуствувам на заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители и претставниците на Здружението „Херои на Македонија“, каде што како министерство за одбрана оваа година ги помагаме семејствата со тоа што организиравме бесплатен одмор во одморалиштето „Св. Стефан“ во Охрид.
Разговаравме со семејствата и дадов уверување дека активно ќе се залагам за интензивирање на помошта и поддршката кон семејствата на загинатите бранители, затоа што жртвата која македонските херои ја дадоа за нашата татковина нè задолжува да направиме сè што е во наша надлежност да им излеземе во пресрет за нивните барања и потреби.
Да се гордееме на бранителите и да се огледаме на нивната недвосмислена решителност за одбрана на Македонија.
Тоа е вистинска љубов кон Македонија!, пишува Мисајловски на Фејсбук.