Во рамки на посетата на Старо Нагоричане, се сретнавме и поразговаравме со земјоделците и граѓаните од село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане. Заедно со Цветан Трипуновски заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и коалицијата „Твоја Македонија“ обединета и сплотена, изјави Владо Мисајловски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатска листа за парламентарни избори во ИЕ2.

-Маката на земјоделците е голема. Овде земјоделците и граѓаните од с.Драгоманце се разочарани од игнорантскиот однос на власта. Потребно е да ставиме крај на уценувањата и понижувањата на земјоделците и граѓаните, рече Мисајловски.

Мисајловски на средбата порача дека, тие не заслужуваат да бидат потценети и нивниот труд да не биде вреднуван.

„ВМРО-ДПМНЕ предвидува 800 милиони евра директна поддршка и помош за земјоделците. Ние секогаш ќе бидеме сојузници со земјоделците, ќе ги помагаме со многу проекти и ќе ги почитуваме“, потенцира Владо Мисајловски, носител во ИЕ2.