Денес пристигна првата од вкупно 4 електро-локомотиви кои се дел од проектот за обнова на железничкиот возен парк кој го започна ВМРО-ДПМНЕ, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на Фејсбук.
-Со набавката на овие локомотиви се завршува проектот со кој се набавија и 6 патнички возови, 150 товарни вагони и се изврши целосно реновирање на депото за одржување во МЖ ТРАНСПОРТ АД. Со проекти и дела се сака Република Македонија!