Денеска во Министерството за одбрана министерот Владо Мисајловски оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон и одбранбеното аташе потполковникот Едвард Џон Грин.
На средбата беше разговарано за унапредување на билатералната соработка која ја зацврстува безбедноста на регионот и колективната безбедност на Алијансата.
– Стратешкото партнерство, кое беше потпишано неодамна, само ја потврдува нашата сојузничка посветеност и претставува дополнителен импулс за продлабочување на соработката во одбранбениот сектор, изјави Мисајловски