Министерот за одбрана на Владо Мисајловски утре заедно со делегација од Министерството,во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана, како и на состанокот на Контакт групата за Украина.
На состанокот, министрите ќе разговараат за имплементацијата на обврските договорени на Самитот во Хаг во јуни 2025 година, како и за зајакнување на подготвеноста на Алијансата за справување со безбедносните предизвици.
Дополнително, на состанокот на Контакт Групата за Украина, во организација на секретарот за одбрана на Обединетото Кралство Џон Хејли и министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, министрите ќе разговараат за континуираната поддршка на Украина, особено во контекст на најновата иницијатива – Листа на приоритетни потреби на Украина.