Утре, 12 февруари 2026 година, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.

Министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на утрешниот состанок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.