МИСАЈЛОВСКИ ВО ЧАИР: Овде Македонците велат дека се граѓани од втор ред

/ 28.06.2020

Денеска граѓаните ми кажаа дека тешко е да се живее тука во Чаир поготово бидејќи се чувствуваат како граѓани од втор ред, поготово Македонците. Не можат да си ги остварат своите права во општината, чекаат со месеци а некогаш и не се примени. Слабо со проекти, нема реализација, нема капитални инвестиции, нема нови улици и сето тоа е врз грбот на сите граѓани тука во Чаир. Кога ветуваа дека ќе има 500 евра плата за секој, кога ветуваа од СДСМ 500 километри автопати, кога ветуваа дека ќе има 100.000 денари за докторите, ги заборавија овие граѓани тука, го заборавија Чаир. Во Чаир е тешко да се живее, но овие луѓе се упорни. Овие луѓе со срце како планина и ќе издржат и сакаат еден убав и спокоен живот тука во Чаир. Но, никој од нас не смее да ги заборави. Ние имаме прекрасни луѓе тука и на листата но и прекрасен комитет кој постојано се гледа со сите граѓани. Они сакаат еден добар соживот, но тоа ние треба сите заедно да го направиме. Затоа во наредниот период сите ние заедно ќе ги промовираме нашите позитивни вредности, нашите проекти, како граѓаните да си го откупат дворното место, а не да бидат под притисок од општината да не знаат дали еден ден ќе влезат да ги примаат да го решат тој проблем, исто така да ги решат основните базични проблеми што ги има секој еден граѓанин тука, немаат паркинг место, не можат да се справат со овој урбан хаос што се случува тука во Чаир, потенцира Мисајловски.

Тој додава дека затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува да останат спокојни, да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а потоа сите заедно да ги решаваме сите проблеми, ако треба и поединечно на секој еден од нив, за да се уверат дека овие граѓани не се граѓани од втор ред.

Тој објави и Фејсбук статус од посетата во Чаир.

-Денеска сум тука во Чаир. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Искра Крстевска и Емилија Ангелова остваривме средба со граѓаните на Топанско поле. Тука атмосферата е позитивна и луѓето силно посакуваат обновата да се случи што е можно поскоро. Ја промовиравме изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ на нашите сограѓани и ги уверуваме во нашата сериозна намера да го обновиме Чаир. Ние се обврзуваме таа обнова да се случи, бидејќи Чаир и чаирчани тоа го заслужуваат. Воедно, посетата ја збогатив и со средба со пензионерите од оваа општина. Оваа категорија на луѓе заслужува многу почит и внимание, тие се изворот на мудроста. Посакуваат да се обезбедат повисоки пензии, поорганизирано здравство и да се реализираат проекти кои ќе им го подобрат секојдневното функционирање.
Ние тргнавме по овој пат и назад враќање нема. Обновата мора да стигне насекаде, бидејќи секој граѓанин заслужува достоинствен живот.

Чаир одбира Обнова на Македонија!

#ОбноватаПобедува #Заокружи14, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 


Од истата категорија