Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со делегација од Министерството утре ќе престојува во официјална посета на Обединетото Кралство, сојузник со кој имаме силна одбранбена соработка.

-За време на посетата, во Министерството за одбрана Мисајловски ќе оствари официјална средба со државниот министер, лорд Вернон Коукер, а ќе оствари средба и со специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западниот Балкан, дама Карен Пирс, информираат од Министерството.

Во Лондон, министерот Мисајловски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински ќе се сретне и со министерот за услуги, мали бизниси и извоз Томас Гарет.