Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска беше во посета на општина Бутел каде што оствари средби со жителите на населените места Бутел и Радишани.
Во Бутел граѓаните се пожалија на лошите економски политики кои ги спроведуваат владата на СДСМ и Зоран Заев, потенцирајќи дека нема ништо од она што го ветуваа за време на предизборниот период на предвремените парламентарни избори.
Тие се револтирани и разочарани бидејќи нема ниту реализација на инфраструктурните проекти, предизборните ветувања останаа мртво слово на хартија, нема никакви инвестиции, нема ни нови работни места. Тие велат дека зголемувањето на трошоците за живот откако СДСМ е на власт го прави нивниот живот се потежок.
Во Радишани членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа во посета на манастирот „Св. Наум Охридски“ како и на отворање на нов месен комитет. При средбите со жителите на Радишани беше заклучено дека состојбата и тука секојдневно се влошува откако на власт е СДСМ.
Жителите се заборавени од власта, ништо од ветеното не е реализирано. И тука власта нема ништо направено за на овие граѓани да им ја подобри економската состојба, но и состојбите во здравството и образованието. Тие надеж гледаат во брзи предвремени парламентарни избори, веднаш после претседателските, за конечно да завршат неправдите во нивната општина.