Денес во касарната ,,Страшо Пинџур” во Петровец, пристигнаа двата воени хеликоптери М-8, кои беа целосно ремонтирани од Чешкиот ремонтен завод, објави на својата Фејсбук страница министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Facebook/Vlado Misajlovski

-По само 4 месеци раководење со министерството успеавме да ја завршиме целокупната процедура која со месеци беше заглавена од претходното раководство, кое покажа апсолутна негрижа за суштинската потреба од дополнителни пловидбени летала, особено во летниот период кога се соочивме со серија на пожари низ целата територија на Македонија.

Facebook/Vlado Misajlovski

Целокупната процедура ја завршивме без дополнителни финансиски средства по буџетот на Министерството. Армијата сега располага со 4 хеликоптери.

Facebook/Vlado Misajlovski

Благодарност до вработените кои беа вклучени во постапката, кои вложија максимални напори овој процес да се реализира со цел да бидеме подготвени за периодот што следува.

100% #Посветени за тебе!, пишува Мисајловски во својата објава.