Во изборната единица два, носител ќе биде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Честа да ја предводам победничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” во изборната единица 2 е огромна.

Ќе настапиме позитивно, патриотски, народно и сеопфатно.

Нашата визија за Македонија ќе пристигне секаде, до секого и секој дом.

Нашата програма е победничка, а нашиот мотив е поголем од се.

Тоа е програма која ќе донесе промени !

Граѓаните од Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир, Бутел, Куманово, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Старо Нагоричане, Липково и Арачиново ќе имаат можност да ја видат разликата и да ги воочат промените.

Секој човек кој сака да биде дел од промените е добредојден, заеднички да чекориме кон подобра Македонија

Време е за победа на Македонија !

Време е за победа за сите луѓе !

#ВремеЕЗаПромени !

Почнуваме.

Промените доаѓаат!, пишува Мисајловски на Фејсбук.