Какви дилетанти и какви лажговци сте вие од СДСМ!

Новиот клинички центар ќе сте го започнеле со градба до крајот на годината во Ѓорче Петров каде според вашата методологија на тоа место најмногу одговарала ‘’ружата на ветрови’’.

Пред се, една година бирате локација и се лажете едни со други за да купите време и за никогаш да не го започнете овој проект, како и се останато што го ветивте, а не го остваривте.

Ај што сеуште немате абер од носење на одлука за локацијата, ај што абер немате за започнување за носење на нов урбанистички план според потребите на градбата, туку лажете дека сте имале готови проекти и со апсолутно непознавање на процедурите си поигрувате со интелегенцијата на граѓаните.

Тој ваш навидум готов проект НЕ МОЖЕ туку така кај сакате да си го градите.

По завршување на постапката за урбанизација, која во намала рака ќе трае околу шест месеци, како и потребните тендерски постапки, за таа намена треба да се започне изработка на ПРОЕКТ согласно донесениот урбанистички план, која постапка исто така ќе трае најмалку една година, имајќи ги во предвид сите поединечни фази од проектот, а дури потоа да се започне постапката за вадење на одобренијата за градење кои следат пред започнување на градбата.

Дополнително, урбанизацијата, проектирањето и тендерирањето, како неопходни фази пред почнување со градењето на целокупната инфраструктура (електрика, патишта, водовод и канализација и др.) е процес кој сигурно ќе трае повеќе од една година, имајќи ја во предвид вашата неспособност.

Врз основа на проектот за клиничкиот центар треба да се распише јавна набавка за градба согласно спецификацијата и предмер пресметката од основниот проект, а за да се започне таа процедура потребно е да се обезбедат средствата во буџетот претходно, за самиот повик на тендерирање.

Иако би требало да биде меѓународен тендер за градба кој трае подолго од останатите тендери и е потребно повеќе месеци за завршување на постапката, ВИЕ можете да си го измените законот или пак да си го склучите во четири очи како што и ви е пракса, но неможете да лажете дека темели ќе подигнете оваа година.

Нема да навлегувам уште подетално со сите останати постапки како избор на надзор, согласности од институции и бирократски работи, но вие сте најнеспособната влада без ниту еден капитален проект, а камоли наеднаш започнување со било каква работа.

Едноставно НЕ ВЕ БИВА!

(ФБ статус на Владо Мисајловски- потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ)