Потпретседателот и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешната собраниска комисија за Буџет посочи дека секој од буџетите кои што ги предлага власта во последните шест години е поголем од претходниот и има повеќе планирани средства за капитални расходи, но ништо не е реализирано во делот на капитални инвестиции.
-Во новиот буџет планирате 791 милион евра за капитални расходи. За таква намена имавте планирано три милијарди евра во шесте буџети, но со нив немате направено ништо и единствено ги рекламирате започнатите проекти од ВМРО-ДПМНЕ, рече Мисајловски.
Вие како Влада овие шест години иамте потрошено 30 милијарди евра буџет, тоа од прилика кога ќе видите во „капитални инвестиции“ што вие ги нарекувате се преку 3 милијарди евра капитални инвестиции за капитални инвестиции… Знаете што имате направено?! Ништо, апсолутно ништо, истакна во своето излагање пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.