Министерот за одбрана Владо Мисајловски гостуваше во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ. Тој се осврна на трагичната несреќа од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде се навршува една година од истата. На прашање дали болката прекинала министерот Мисајловси децидно одговори.
-Не, нема никогаш да прекине болката, сочувство до фамилиите до роднините навистина тешко за говорење, јас имав можност да бидам дел од Меѓународната конференција каде што се разговараше на оваа тема и тоа доста доктори, доста луѓе што помогнале но и многу луѓе што дадоа предлози. Во иднина секоја, трагедија, би рекол секоја случка која ќе биде поврзана со криза, како подобро да се дејствува, што ќе биде од сето ова и поука, знаете дека во кризни моменти како поинаку се реагира, поинаку работи свеста, рече министерот Мисајловски.
Мисајловски истакна дека сака да се заблагодари и тоа го сторил кон Армијата, бидејќи дала навистина премногу.
-Тој период секој ден, уште од првите часови веднаш излезе на терен и во наредните деноси се разбира помагавме колку што можевме како Армија и навистина една голема мобилизација каде не можете да вратите ни еден млад човек, тоа е трагедија и навистина ми е тешко кога говорам, потенцира Мисајловски, и додаде дека:
-Благодарен сум на сите херои би рекол, на Армијата, на сите униформирани лица, на болничарите итн. и благодарност за она што го направија.
Како се сеќева на Министерот на првиот момент за трагедијата и како беше вклучен во санирањето на последицита тој даде свое видување.
-За жал имав можност да гледам и млади деца и слики, видеа, но во тој момент сепак сум Министер за одбрана, стигаа до мене многу различни видеа, глетка што никогаш нема да ја заборавам, најтешката ноќ во мојот живот. Во првните неколку минути кога дознав веднаш отидов на работа и се оформи Кризен штаб и од страна на Армијата и од страна на министерството во мојот кабинет се отвори првиот Кризен штаб, потоа се префрли на Единиците од различна команда. Веднаш секој еден штом можеше да допринесе, и допринесе се вратија многу луѓе на работа, но она што најголем конциз беше тоа што многу хелихоптери, авиони кои ние дирекно ги менаџиравме како Министерство, Армијата, генерали, многу многу повици, амбасади, конзули, нагласи Мисајловски.
– Ние како институции сме должни секој еден да помагаме во системот да биде подобар, затоа е потребно што повеќе да се земат и возила, да се земат и различни системи, да се дополнува со средства во различни институции каде ќе имаме подирекно повеќе амбуланти, повеќе санитетски возила се сшто и треба на една држава во било каква трагедија, додаде Мисајловски.
Министерот Мисајловски нотира дека треба да бидеме на едно повисоко ниво, со она што го имаме како држава, координацијата што се случувала тој ден и наредниот ден каде секој ден контактирале со Црвениот Крст на кои им упати благодарност.
– Некогаш немаше место во авион или во хелихоптер за плус дете, но не дозволивме да замине хелихоптер или воен авион додека сите деца не влегоа и секое едно дете да стигне таму кај што треба да му се помогне, нотира Мисајловски.




