Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес на Самитот за иднина во Њујорк изјави дека заедничка мисија на сите членки на ОН е да го најдат најдобриот начин за соочување со заедничките предизвици.
Мишел изјави дека самитот е „уникатен момент за зголемување на нашите амбиции и дека ЕУ е целосно посветена на тоа“.
Според Мишел, Пактот за иднината е моќен катализатор за забрзување на целите, напредок во областа на човековите права и итна реформа на „меѓународната финансиска структура“, беше објавено на веб-страницата на ОН.