Следната недела ЕУ ќе ги официјализира сите рестриктивни мерки против одговорните за апсењето и осудувањето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, сооопшти синоќа претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
По вчерашната средба на лидерите на ЕУ, Мишел појасни дека политичката одлука за воведување на санкциите е веќе донесена на ниво на министри за надворешни работи на ЕУ.
-Ги осудуваме постапките кон Алексеј Навални и бараме негово итно ослободување, повтори Мишел.
Лидерите на ЕУ во март ќе одржат стратешка дебата за односите со Русија.