Христијан Мицкоски денеска од Штип порача:

-Го коментирав тоа и во минатото, ваков притисок е невиден во поновата историја во Република Македонија, Заев се закани на 28 април 2017-тата година, еве речиси две години потоа, Кацарска и Рускоска испорачаа, класичен политички прогон. И не може да помине веќе помеѓу граѓаните онаа класична демагогија која што доаѓа од центарот за лаги и манипулации на СДСМ дека ние сме заштитувале насилство итн. Бидејќи насилство имаме во сите градови во Република Македонија и не само што не се казнуваат насилниците и престапниците, туку напротив владата се слика со таков тип на криминалци и објавува на социјалните медиуми. Така што оваа драконска казна е исклучително да се втера страв помеѓу гласачите, помеѓу граѓаните на Република Македонија. Исто така да се пресметаат со политичките не истомисленици, но и она што Заев го нарача на 28 април 2017-тата денеска да го испорачаат неговите слуги, а тоа се Кацарска судството и Рускоска обвинителството, потенцира Мицкоски.

Тој додаде дека тоа што е реалност во Република Македонија ќе го видиме на 21 април и 5 мај.