Воспалението на срцето предизвикано од некои вакцини за Ковид-19 е загрижувачко, особено кај помладите луѓе, но прелиминарната студија сугерира дека кај оние кои се најпогодени, е шест пати поголема веројатноста да се појави после инфекција со коронавирус отколку после вакцинација, се вели во текстото на newscience. Во изминатите неколку месеци, некои случаи на оваа состојба, позната како миокардитис, беа регистрирани по употребата на вакцините Pfizer/BioNTech и Moderna.
Ова предизвика загриженост особено во САД и Израел, бидејќи овие две земји предничат во вакцинирањето на помладите луѓе. Реакцијата најчесто се јавува кај мажи и момчиња на возраст под 30 години по нивната втора доза, и обично се забележува во рок од 10 дена, вели Алма Јакоб од Империјал колеџ во Лондон.
Но, многу здравствени тела ширум светот велат дека придобивките од вакцинацијата сè уште ги надминуваат ризиците за повеќето луѓе. Една студија во САД анализираше колку често се јавува миокардитис по инфекцијата со коронавирус. Истражувачите ја анализираа евиденцијата на здравствените организации кои покриваат една петтина од населението во САД.
Тие открија дека, во текот на првите 12 месеци од пандемијата, мажите на возраст од 12 до 17 години имале најголема веројатност да развијат миокардитис во рок од три месеци од заразувањето со Ковид-19, со стапка од околу 450 случаи на милион инфекции.
Наспроти ова, кај вакцинираните со втора доза со Pfizer/BioNTech или Moderna вакцина, се јавуваат 67 случаи на миокардитис на милион мажи на иста возраст, според бројките од Советодавниот комитет на САД за практики за имунизација.
Се заедно, кога ќе се соберат случаите по првата и втората доза, се доаѓа до бројката од 77 случаи на милион во оваа машка возрасна група предизвикана од вакцинација, што е шест пати помалку од бројот забележан по инфекцијата.
„450 случаи на миокардитис на милион случаи на Ковид-19 кај млади мажи“ „Ако сте фокусирани на воспаление на срцето, побезбедно е да ја земете вакцината“, вели Мендел Сингер од Универзитетот Кејс Вестерн Резерв во Охајо, кој помогна во спроведувањето на студијата.
Знаците на миокардитис вклучуваат болка во градите, отежнато дишење и палпитации. Симптомите можат да бидат благи и да поминат незабележано, но и мошне сериозни, што вклучува трајно оштетување на срцето или смрт. Сепак, екстремните форми се ретки и не се пријавени смртни случаи по вакцинацијата во САД.
Но, миокардитисот може да создаде неповратни оштетувања на срцето кои организмот ги залечува создавајќи лузни, што може да доевде до потешкотии во работење на срцето и смрт дури и по една година или повеќе, па оттука податокот дека во САД не се забележани вакви смртни случаи не вреди многу бидејќи е прерано. А згора на тоа, откако ќе помине една година или повеќе, дури и да дојде до смртен случај, лекарите не мора да го доведат тоа во врска со вакцината или со Ковид.
Причините за миокардитис се нејасни. Една идеја е дека тоа се случува кога имунолошкиот систем го напаѓа срцето, но тоа не е докажано. Не е познато ниту зошто тоа се случува најчесто кај помладите мажи или машки деца. Благите случаи обично се третираат со антиинфламаторни лекови без рецепт, како што е ибупрофен и повеќето луѓе закрепнуваат за неколку месеци, вели Јакоб. Други предизвикувачи на состојбата вклучуваат грип и вакцина против грип, некои лекови и некои нелегални дроги.
Малиот ризик од миокардитис по вакцината Pfizer/BioNTech е една од причините зошто Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација на ОК (JCVI) сè уште не ја препорачал оваа вакцина – единствената лиценцирана за употреба кај лица под 18 години во ОК – за повеќето деца на возраст од 12 и повеќе години. Додека земјите како Ирска и САД им дозволуваат на тинејџерите да се вакцинираат. JCVI во јули рече дека само помладите луѓе кои се многу ранливи или живеат со некој со слаб имунолошки систем би можеле да се вакцинираат. Јакоб вели дека луѓето кои биле вакцинирани или имале ковид-19 треба да бидат свесни за можните симптоми на миокардитис, особено болката во градите која гори или остра и се влошува при промена на положбата.
Оваа расправа во САД се јавува како дел до притисокот што повеќе деца да се вакцинираат. Засега, се чини дека тоа е лудост, освен доколку не с е работи за деца кои имаат течки хорнични заболвања. Очигледно меѓутоа, лудост е и да се остави децата да се заразат со идеја дека лесно ќе го преболат вирусот и ќе стекнат имунитет.
Оттука, најдобро е сепак да се стори се, децатат да не се заразат, а шансата за тоа е речиси минимална при настава со физичко присуство.