Пред да заминат за Хернинг на ЕП нашите ракометари ќе одиграат три контролни меча во Швајцарија, по што патуваат на ЕП.
Еден од лидерите во нашиот состав се очекува да биде Марко Митев.
„Првата фаза ја поминавме, целта во оваа фаза меѓудругото беше и да се воиграме. Ние сме воиграни од претходните настапи и првенство, но сега одново да се вратиме во тој ритам, повторно да се склопиме како тим. Солдно поминаа овие подготовки. Не сме сѐ уште на ‘фул’, но имаме доволно време до ЕП. Се надевам дека ќе го подигнеме нивото барем за 20-30 % и дека на првенството рамноправно ќе се надигруваме.
Противниците се силни, но не сме отпишани. И минатата година имавме многу тешка група на СП и бевме предвреме отпишани, но тогаш покажавме дека можеме да се носиме со сите репрезентации. И оваа година имаме многу тешка група, а Европското првенство според мене е потешко да се игра од Светсткото првенство. Одиме да се надигруваме и да го повториме ланскиот успех, дури и да бидеме подобри. Во ниту еден случај нема да се откажеме, како со Данска – така и со Романија. Нашата цел е да победуваме“, ни изјави македонскиот репрезентативец, Марко Митев




