Разочарувањето кај македонските ракометари, а и кај македонската јавност е голема, после загубениот натпревар против Холандија во рамките на Светското првенство во ракомет.

И македонскиот репрезентативец Марко Митев не го криеше своето разочарување после натпреварот.

-Во прво полувреме требаше подобро да им ја запреме транзицијата. Пробавме да се вратиме, но Данците не ни го дозволија тоа. Не сум видел ни на клупски ни на репрезентативен меч, некој тим да изведе 12 седмерци, рече Митев.

Македонија го загуби натпреварот со резултат 32:37 во полза на Холандија.

Холанѓаните сега имаат 4 бода и се на врвот на табелата во групата Д, Унгарија 1, Македонија 1 и Гвинеја 0 бодови.

Вечерва со почеток од 20:30 силите ќе ги одмерат Гвинеја и Унгарија, со што ќе се дознае и редоследот на табелата до последното коло во групното натпреварување на СП.