Македонија со перфектна тимска игра стигнаа до голем бод, а Марко Митев го прокоментира настапот против Португалците.
„Не разбуди мотивираноста на екипата, уште пред да влеземе во мечот цел тим имаше позитивна енергија и тоа само по себе дојде кога требаше. Можеби кога губевме со пет гола, не ја изгубивме мотивираноста и нашиот систем не врати во игра.
Имаме еден ден добро да се спремиме за Романија, се работи за квалитетен ривал, но мора на тој натпревар да одиграме уште подобро. Мора да победиме ако сакаме втора рунда и да чекаме услуга од Данците“, изјави Митев.




