Во животот, секој сам бира дали ќе ја игра улогата на жртва или улогата на борец.

Јас, како жена, одбирам да се борам!Министерке Петровска, се гледаме на суд!

Дегутантна е состојбата кога Славјанка Петровска популарноста ја бара преку вакви потези, наместо преку работата за која ја плаќаат граѓаните.

Така што, им препорачувам на СДС и Славјанка Петровска, кои политички го изгубија тлото под нозете, да не се надеваат дека затскривајќи се зад Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, ќе не дефокусираат или исплашат. Одговори баравме и ќе бараме, иако тие одбираат да молчат.

Дополнително, Славјанка треба да знае дека образованието на личноста секогаш се провлекува низ работата, како што мене (а, се надевам и нејзе) правниот факултет ми влијае врз речникот и начинот на изразување. Сепак, во духот на коректноста која како човек ја имам, и препорачувам на Славјанка да си го провери правниот тим кој ја советува на вакви правни небулози.

https://www.facebook.com/MariJaMiteva91/posts/pfbid0i1YRMqykqXWJJAvFBd8VtFizTKwaime8b7DobDRvYHoQaYvr3LK2JvKYMAazV1V6l