Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески се обрати денес пред граѓаните во општината на Мини-Митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дозволете ми да ви го честитам Денот на македонската револуционерна борба – 23 октомври, ден кој не потсетува зошто и што значи ВМРО-ДПМНЕ за Македонија. Денес имаме чест тука со нас да е претседателот на Владата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој што изразува огромна поддршка и за општина Аеродром и за сите општини во Република Македонија без чија помош и поддршка нема да бидеме вака успешни, рече Митески.

Тој им се заблагодари на сите за ангажманот, истрајноста, борбата и влогот што го дале, го даваат и ќе го даваат за поголеми успеси на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија.

-Како градоначалник во изминатата година но и во овој мој мандат се обидувавме да направиме се што беше во наша моќ, да го подобриме животот во Аеродром, а во наредните четири години со поддршка на Владата, со поддршка од идниот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе направиме уште повќе, уште подобро и уште поубаво место за живеење, рече Митески.

Тој ги повика граѓаните на масовен одзив на 2 ноември кога е закажан вториот круг на локални избори 2025.