Искусниот репрезентативен голман Никола Митревски вели дека добивме противници по мерка, но секако треба да бидат внимателни, без разлика со кого ќе се сретнат.
„Мислам дека добивме противник по мерка, ќе видиме како ќе заврши нивниот дуел, по што ќе знаеме со кого ќе се сретнеме во тој бараж. Немам свој фаворит или очекувања во нивните пресметки, сметам дека треба да се фокусираме на нас самите, на она што ние треба да го играме. Против Украина игравме пред неколку седмици на турнирот во Швајцарија, успеавме да победиме, но тие исто така покажаа дека можат да бидат незгоден противник. Треба да бидеме внимателни и претпазливи, но сепак верувам дека со максимална концентрација и ангажираност ќе стигнеме до победа и пласман на СП 2027, без разлика со кој од овие два ривали ќе се сретнеме“, истакна Митревски.




