Голманот Никола Митревски беше најдобриот поединец во македонскиот репрезентативен тим во денешниот пораз од Црна Гора. Но, неговите одбрани не беа искористени во нападот.
-Одигравме многу под тоа што се подготвуваме за Црна Гора. Во овој натпревар не ги достигнавме нашите можности. Но, секој натпревар е можност да учите. И честитам на Црна Гора, беа повеќе мотивирани и агресивни и ги искористија нашите грешки.
Митревски верува во работата на овој стручен штаб.
-Верувам во работата на овој стручен штаб, мислам дека работиме добро. Денеска сите грешевме. Натпреварот не го изгуби некој поединец, го изгубивме сите.