Голманот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски се огласи по денешниот натпревар.
-На крајот извлековме реми. Изедначен натпревар во текот на сите 60 минути. Се играше гол за гол, на крајот тие дадоа на 4 секунди ние можеби на 4 стотинки до крај. Најреално. Во прво полувреме имавме на 2-3 пати водство од по три гола разлика, доколку го држевме тоа водство или го зголемевме бидејќи имавме шанси можеше да се случи да победиме. Во второ полувреме исто презедовме водство, тие израмнуваа последните 10 минути. За на крај тие да победат, ние да израмниме, рече тој.
-Одиме нагоре, се развиваме. Овие момци веќе не се толку млади, не се неискусни. Знаат да играат на резултат, некогаш треба малку и повеќе среќа, рече тој во изјава за МРТ.