Митрополит Кумановско‒осоговски г. Григориј
Цариградската патријаршија,
Ако нема надлежност* да доделува автокефалност ‒ нема право да поставува услови**.
Едноставно!
*
Супрематија ‒ рушење на еклисиолошкото начело на „соборно одлучување“ преку институцијата „сеправославен собор“.
Какво било право, на која било Помесна Православна Црква, надвор од својата јурисдикција да донесува пресуди ‒ ја нарушува заедничката точка на административното право и казненото право на Православната Црква. Пресудувањето надвор од границите на јурисдикцијата, во крајна анализа, го нарушува начелото на Светата Евхаристија, којашто е извор и на правото на ракополагање (jus ordinandi) на епископите и клирот и на правото на судење (jus jurandi) на епископите и другите клирици.
**
Трите услови се ЛОГИЧКА ЗАБЛУДА или ОДВЛЕКУВАЊЕ НА ВНИМАНИЕТО на јавноста ОД РЕЛЕВАНТНИОТ ПРЕДМЕТ.
Што ако трите услови се ограничат на еден услов? ‒ се исполнува целта за супрематијата, односно реформирање на Православието во Римо-католички модел на управување.
Кога еден „патријарх од еден центар“ одлучува самостојно ‒ несоборно, тогаш едноставно ќе се исполни планот за реконцилизација на Истокот и Западот (eдно верување компатибилно со друго).