Поранешниот министер за здравство Венко Филипче морал да знае што се случува во Клиниката за онкологија, вели Рашела Мизрахи претседателката на Анкетната комисија за случајот „Онкологија.
-Филипче бил должен да знае. По закон тој е должен да знае што се случува со јавните здравствени установи. Во најмала рака би било апсурдно да не знае што станува во терциерното здравство. Тој даде еден збир на конфузни одговори дури и за набавката на КАТО системот-наведува Мизрахи во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.