Рашела МИЗРАХИ

СДСМ продолжува законите да ги носи во скратена постапка, со европски знаменца на штета на државата
Асистентите во парламентот и моите соработници блиски правиме едно истражување на тоа како стигна државата до ова дереџе. И еве за јавноста да кажеме, од осамостојувањето, од 1991 година до 2021 година Република Македонија донела околу 6.000 законски решенија.

Што значи, ако не ги сметаме викендите за неработни денови ние носиме 0,58 законски решенија дневно или еден закон на два дена. Доколку ги земеме викендите во предвид тоа се два закони на секои два дена односно еден закон дневно.

Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци е сериозен, знак прашалник е колку ќе биде почитуван овој закон од власта.

Што ќе стане со оваа држава доколку дозволуваме закони да се носат во скратена постапка, со европски знаменца?

Законот за автопатишта повеќе наликува на договор отколку на закон. Законот за автопатишта беше донесен по скратена постапка во Собранието. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го изразија своето негативно мислење апропро истиот и дури наликуваше на друго законско решение коешто оваа година се случи, којшто е пандан на договор, а не реално на закон.

Тука е и Законот за Макпетрол. Не можете да кажете дека ВМРО-ДПМНЕ не реагирало, бидејќи негативната реторика којашто се појави на говорницата на самата пленарна седница беше таму.

Пратениците не гласаа бидејќи ниту поддржуваат, ниту одрекуваат законско решение коешто не наликува на закон.

Дали реално имаме потреба од градење на патишта?
Да!

Дали се работи за стратешки партнер на Република Македонија ?
Да, секако!

Дали тоа сепак треба да биде усогласено со останатите закони и тендерски процедури во државатa?
Апсолутно, да!