Централната банка на Мјанмар соопшти дека државата ќе почне да го користи јуанот како официјaлна валута за меѓународни плаќања заедно со јапонскиот јен.
Во соопштението се нагласува дека мерката е во насока на развој и проширување на меѓународните парични операции на државата како и за да олесни гранична трговија во реонот на Југоисточна Азија каде Кина има доминантна позиција.
Со исклучок на лиценцирани банки, други институиции и физички лица се уште нема да може да имаат право да отвораат сметки во јуани и јени.