Се стравува дека најмалку 50 лица загинаа во Мјанмар, во местото Хпакант, кога доцна синоќа рударите кои ископуваа жад беа затрупани со јаловина, изјавија пратеникот од тоа подрачје Тин Сое и еден спасител.

Според него, три тела се извлечени од урнатините.

Сое рече дека вкупно 54 работници, кои работеле за две рударски компании, заедно со 40 машини и возила, се заробени кога голема количина отпад паднала врз нив.

– Тие нема да преживеат. Тоа не е можно, бидејќи се наоѓаат под кал. Многу е тешко да се пронајдат, рече Сое.

Шефот на противпожарната служба Аје Теин изјави дека потрагата по преживеаните е во тек.

Смртоносните свлечишта и други несреќи се вообичаени во лошо регулираните рудници во Хпкант.