Соборената премиерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи ќе остане во притвор до среда, кога е најавено нејзиното појавување пред судот, потврди нејзиниот адвокат.

– Поднесовме писмо и разговаравме со окружниот судија. Според него, притворот ќе трае до 17 февруари, а не до денеска како што првично очекувавме, рече адвокатот Кин Маунг Зав.

Тој додаде дека се уште се обидува да го види својот клиент, што треба да му биде дозволено во согласност со законот и дека почетокот на нејзиното судење ќе се емитува преку видео конференција.

Советот за човекови права на ОН во петокот побара Аунг Сан Су Чи веднаш да биде ослободена од притвор, како и други цивилни лидери затворени од војската по преземањето на власта во Мјанмар.