Воената хунта на Мјанмар издаде потерници против шест познати личности во државата со обвинение за поттикнување штрајкови што парализираа многу владини канцеларии на протестите против пучот овој месец.

Оттогаш се уапсени вкупно 500 лица.

Доцна синоќа имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите во Мандалај.

Полицијата денеска нареди десетици демонстранти да се разотидат од прометната раскрсница во близина на главниот универзитет во Јангон, најголемиот град во земјата. Подоцна, студентите мораа да се соберат во друг дел од градот.

Војската објави доцна синоќа дека шест познати личности, вклучително режисери, актери и пејач, се на листата за приведување поради поттикнување лица на бунт. Обвинетите можат да бидат осудени на две години затвор.