Се проширува скандалот со македонскиот дипломат уапсен во Србија на барање на Интерпол затоа што од Ерменија со уште еден дипломат тајно евакуирал Ерменец баран за кривично дело.

Според информациите од Ереван, криминалецот, кој е брат на поранешен претседател на Ерменија, е заведен како македонски граѓанин, што покажува дека е можно тој да е меѓу 215 носители на македонски пасош од аферата која ја отвори ВМРО-ДПМНЕ во мај годинава, пишува Република.

Советникот на генералниот обвинител на јавното обвинителство на Ерменија, Гор Абрахамјан, во телефонски разговор за агенцијата „Хетк“ изјавил дека македонскиот дипломат бил уапсен во рамки на кривично дело поврзано со ерменскиот патен коридор Север-Југ.

Граѓанинот на Македонија извади од Ерменија друг државјанин на Македонија, кој е дел од кривично дело поврзано со „патниот коридор Север-Југ“, изјавил Абрахамјан за ерменската агенција.

Македонските власти сè уште молчат за скандалот што минатата недела го открија македонски медиуми.

Доколку сакаат македонските служби за многу брзо време можат да го утврдат идентитетот на евакуираниот и точно да знаат за кој македонски државјанин се работи или за чиј украден идентитет се работи.

Јавноста засега знае само за идентитетите на мал број од 215 криминалци кои откако Спасовски е министер добиле македонска патна исправа.