Осумдесет и три годишна Канаѓанка паднала на пругата на Железничката станица во Пјаченца. И додека помошта се обидувала да ја спаси, овој млад Италијанец решил да си направи селфи со повредената жена во позадина.
Драмата се одвивала на 26 мај во Пјаченца. Жената била со контузии и опкружена со лекари и полиција. Сето тоа му се видело прилично интересно на момчето, па решил да направи селфи. Тој не знаел дека во тој момент и некој друг снима – фоторепортерот Џорџо Ламбри.
Полицајците подоцна побарале од Италијанецот да ја избрише снимката, но тој не само што не го сторил тоа, туку и ја закачил снимката на ФБ.
Со тоа предизвикал бурни рекации во локалните медиуми, но подоцна интерес пројавиле и светските медиуми, па овој настан се нашол и на страницата на Би Би Си.