Министерството за внатрешни работи информираше дека изминатата ноќ во 02:30 часот во СВР Скопје, 22-годишната С.Г. од Скопје пријавила дека околу 01:50 часот во нејзиниот дом на ул.„Финска“ во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот татко С.Г., кој бил во алкохолизирана состојба. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.