Многу парови поради пандемијата беа принудени да направат мала свадба само со своите најблиски, без фотограф да го овековечат најсреќниот момент во нивните животи.
Една двојка на Редит се пожали дека и тие морале да го намалат списокот на гости и да се задоволат со минимумот. Бидејќи немале фотограф, тие го замолиле келнерот да направи неколку фотографии од младенците и гостите.
Кога им покажал што снимал, младенците останале во шок. Имаат само една фотографија од целата венчавка, и една нејасна на која се гледа женското деколте. Тие дури и не знаат која е жената на фотографијата.
На тој начин, нивниот свадбен албум сепак ќе биде празен.
„Го замоливме келнерот да не фотографира, го добивме ова“, напишаа тие на Редит покрај фотографијата.
Иако имаше такви што ги оплакуваа, другите им рекоа дека самите тие се виновни.