На свадба сè што може да се очекува, и добро и лошо, но секоја свадба е уникатна. На тој список беше додадена и свадбата на брачна двојка од Ирска, кои не можеа да ги сокријат солзите поради изненадувањето кое го добија.
Среде црковната свадбена церемонија, една гостинка стана. Младенците во почетокот беа многу збунети, како и другите гости. Наскоро уште десетина гости станаа да им пеат серенада на младенците.
Првата која стана, почна полека да пее „Stand By Me“. Една друга жена стана и таа почна да пее, а потоа се приклучи и таткото на невестата. Одеднаш, црквата беше исполнета со пејачи кои пееја синхронизирано.
Младенците Рејчел и Шејн не можеа да ги сокријат солзите радосници. Идејата потекнува од една пријателка, Хана, која истакна дека меѓу гостите имало многу музичари и пејачи. Зошто да не се искористи тоа?
„Сфатив дека на свадбата ќе има многу пејачи и музичари и видов можност да направам нешто посебно за среќната двојка која сака музика“.
Учесниците одржале проба 5 недели пред венчавката, а трудот се исплатеше бидејќи добија овации. „Тоа беше посебен момент кој секогаш ќе го цениме“, рече невестата.