Фудбалскиот клуб Интер Мајами дебитираше со пораз во американската МЛС лига.

Фудбалскиот клуб на Дејвид Бекам вчеравечер загуби со 1:0 од ФК Лос Анџелес.

Еден од основачите и сопственици на Интер, Бекам, кој го гледаше натпреварот со сопругата од ложата, привлече поголемо внимание од светските медиуми.

Сепак, вечерта на легендата на Манчестер Јунајтед беше расипана од Карлос Вела од Мексико, кој со фантастичен гол успеа да им донесе победа на гостите од Л.А.