Викендов на 12 (сабота) и 13 (недела) април во Македонската филхармонија по 22. пат се одржа детскиот фестивал „Поточиња“. Најавените шест претстави беа исполнети до последното место со насмеани и распеани деца кои со многу еуфорија и емоција на првите тактови на популарната фестивалска химна ги пречекаа децата – учесници на големата сцена.


Маскотата – водител Поки (актерот Мартин Јорданоски) веднаш ја крена публиката на нозе и со првата песна “Дајте сите рачиња” се разлеа громогласен аплауз. Се редеа новите 17 песни од фестивалскиот репертоар, а вниманието на детската публика не изостана до самиот крај на фестивалот.

Последната песна “Стоп за војните” упати искрена детска порака за поубав свет. Поточиња 2025 имаше и хуманитарен карактер. Целиот приход од продадената дискографија на фестивалските денови, како и дел од средствата обезбедени од продажба на билетите ќе биде дониран за настраданите од несреќата во Кочани.

 

Новите песни изведени на Поточиња 2025 веќе се објавени на Youtube каналот Potocinja и истите може да се слушнат на следната плејлиста:

https://www.youtube.com/watch? v=z1TfGcWyHkM&list=PLnfWwDrPJavt7PtbNC2v6n7nnAbjfvhXp