Локалната власта во југо-источниот град Мариупол, во близина на границата со Русија, изрази стравување дека голем број луѓе се убиени во повеќечасовното континуирано гранатирање на градот.
Заменик-градоначалникот на градот Сергеј Орлов изјави дека една од населбите во градот, кој им е дом на околу 130 000 жители на овој град, меѓу кои неговиот татко, е речиси целосно уништена.
„Не можеме да го потврдиме бројот на жртви таму, но веруваме дека повеќе стотици луѓе се убиени. Не можеме да одиме таму, за да ги земеме телата“ – изјавил Орлов за ББЦ. Според него, руската армија го користи сиот свој арсенал, артилеријата, повеќецевните ракетни системи, борбените авиони и проектилите.