Министерството за надворешни работи информира дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи, добиена е информација за седум државјани на Република Македонија, од кои едното од нив дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили.
„Амбасадата на Македонија во Приштина е во комуникација со преставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани. Во текот на денот, во неколку наврати Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари директна комуникација со Министерката Гервала, и во моментов косовските полициски го обезбедуваат хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интрвју тие да бидат испратени кон дома.
Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани, сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер“, соопшти МНР.