Компанијата „Модерна“ денеска соопшти дека првпат тестира нова вакцина против Ковид-19 кај пациенти во рана фаза на истражување.
Новата вакцина mRNA-1283 потенцијално може да се чува во фрижидери наместо во замрзнувачи, што ја олеснува дистрибуцијата, особено во земјите во развој.
„Истражувањето во рана фаза ќе ја процени безбедноста и имуногеноста на mRNA-1283 во три фази и ќе им се дава на здрави возрасни или како единечна доза или во две дози во интервали од 28 дена“, соопшти компанијата.