Индија ја поддржува деескалацијата на војната на Блискиот Исток и воспоставувањето мир што е можно поскоро, изјави денеска премиерот Нарендра Моди.
Индискиот премиер напиша на Икс дека имал „корисен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата во Западна Азија“.
-Обезбедувањето дека Ормуската теснина останува отворена, безбедна и достапна е од клучно значење за целиот свет, напиша Моди.
-Се согласивме да останеме во контакт во врска со напорите за мир и стабилност, додаде тој.




